Некогашниот напаѓач на Барселона и Арсенал има нов ангажман и тоа во репрезентацијата на Белгија.
Анри ќе биде помошник на селекторот Роберт Мартинез, објавија првично белгиските медиуми, а потоа веста брзо се рашири и низ светот.
Анри кариерата ја започна во Монако, кратко играше во Јувентус, а најдобрите моменти ги имаше од 1999 до 2010 година, кога настапуваше за Арсенал (8 години) и Барселона (3). Од 2010 до 2014 година играше во американската лига, во тимот на Њујорк Ред Булс, каде и ја заврши играчката кариера. За француската репрезентација играше 13 години и постигна 51 гол.
Ова е прв ангажман од овој тип за поранешниот француски напаѓач и легенда на Арсенал.
Honoured to be assistant coach @BelRedDevils. Thanks to Roberto Martinez & the Royal Belgian Football Association. Very excited.Can’t wait.
— Thierry Henry (@ThierryHenry) August 26, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст