| четврток, 6 декември 2018 |

Тиери Анри се приклучува на белгиската репрезентација

thierry-henry

Некогашниот напаѓач на Барселона и Арсенал има нов ангажман и тоа во репрезентацијата на Белгија.

Анри ќе биде помошник на селекторот Роберт Мартинез, објавија првично белгиските медиуми, а потоа веста брзо се рашири и низ светот.

Анри кариерата ја започна во Монако, кратко играше во Јувентус, а најдобрите моменти ги имаше од 1999 до 2010 година, кога настапуваше за Арсенал (8 години) и Барселона (3). Од 2010 до 2014 година играше во американската лига, во тимот на Њујорк Ред Булс, каде и ја заврши играчката кариера. За француската репрезентација играше 13 години и постигна 51 гол.

Ова е прв ангажман од овој тип за поранешниот француски напаѓач и легенда на Арсенал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top