| четврток, 6 декември 2018 |

Без јаглероден диоксид, без отпад: Оваа земја е најзелената земја на светот

Бутан е мала земја со население од 750.000 жители. Се наоѓа на Хималаите и нејзините жители сакаат да ја зачуваат природата во нејзината оригинална форма и убавина. Земјата со години наназад се обидува да биде еколошка и да ја намали емисијата на штетни стакленички гасови.

bhutan5

Иако целта на властите е да ја сведат на нула емисијата на јаглероден диоксид, успеаја да постигнат дури и негативно ниво, што значи дека шумите во земјата апсорбираат повеќе отколку што емитуваат жителите.

bhutan-600x399

Населението на Бутан верува дека нивната среќа е поврзана за природата и доколку нема сооднос меѓу нив нема да има ни
рамнотежа. Земјата не го мери својот успех според бруто-домашниот производ како што прават сите други нации со пресметување на монетарната вредност на тоа што го произведуваат, туку ја мери бруто националната среќа.

Заштитата на околината е вклучена во Уставот на Бутан и ги обврзува граѓаните барем 60% од површината на државата во секој момент да се покриени со шума. Моментално тој процент изнесува 72%, поради што и жителите се среќни.

bhutan3-600x450

Зачувувањето на шумите и природната средина е во суштината на борбата со климатските промени, нешто што повеќето земји го игнорираат. Не само што Бутан ги штити шумите од сечење, туку постојано ја зголемува пошумената површина.

Претходно годинава Бутан засади неверојатни 108.000 дрвја во честа на раѓањето на првото дете на кралот Кесар и
кралицата Џетсон. Само минатата година 100 волонтери поставија светски рекорд засадувајќи 49.672 дрвја за само еден час.

bhutan5

Земјата се надева да придонесе за зачувувањето на средината и на други начини, како, на пример, со нула емисија на стакленички гасови и нула отпад до 2030 година, а до 2020 година сака целосно да се префрли на органско производство. Исто така, има склучено договор со Nissan за снабдување на земјата со илјадници електрични возила.

bhutan4-600x400

Климатските промени предизвикуваат забрзано топење на глечерите, како резултат на што се јавуваат езера кои ги рушат браните и предизвикуваат поплави. Бутан има 2.700 такви езера кои мора да ги контролира и сето тоа само затоа што сите останати луѓе во светот не сакаат да се соочат со фактите и да преземат нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top