Претседателот на најголемата партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, испрати телеграма со длабоко сочувство и жалење за големата природна катастрофа во централна Италија, која предизвика стотици човечки жртви и непроценлива материјална штета.
„Би сакал да ви изразам најдлабоко сочуство вам, на семејствата на жртвите и на граѓаните на Италија, од мое, но и од името на граѓаните на Република Македонија кои и самите се соочија со големи природни катастрофи со трагичен епилог
Во вакви моменти соочени со разорноста на природните катастрофи се потсетуваме на нашата беспомошност пред страшната сила на природата, но и на нескршливоста на човечкиот дух, хуманоста, солидарноста и помагањето.
Искрено се надевам на скоро нормализирање на состојбата. Република Македонија и македонските граѓани искрено сочуствуваат со сите погодени од големата катастрофа во вашата земја и се подготвени да помогнат на секој начин“, стои во телеграмата упатена до италијанскиот премиер Матео Ренци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.