| четврток, 6 декември 2018 |

Рокот ќе биде пробиен: Ад хок телото за следење на медиумите не постигна консензус за петтиот член

slagana dimiskova

Привремената комисија за следење на медиумското претставување ја извести јавноста дека на денешниот состанок не е постигнат консензус за избор на петтиот член. Петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, директорот на Агенцијата требаше да го именува по претходен предлог усвоен со консензус од четворицата членови најдоцна до 23 август.

Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА, Горан Трпеновски, исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од е-неделникот „Глобус“ се четворицата членови на привременото тело кои ги предложија партиите, а ги именуваше директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според Изборниот законик, петтиот член не е по партиски предлог, а треба да биде Албанец. Изборот треба да се сведе на Сефер Тахири, Бесмира Ејупи, Илир Ајдини, Ајат Реџепи, Даут Даути, Фитим Кријезиу, Лулзим Хамиди, Јосиф Џочков или на Петрит Сарачини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top