| четврток, 6 декември 2018 |

Со изборот на Љуљзим Хазири се комплетира Комисијата за следење на медиумското известување

ljuljzim-haziri-1

Комплетиран е составот на Комисијата за следење на медиумското известување. Постигнат е консензус за изборот на Љуљзум Хазири, решение кое беше договорено на лидерската средба. Хазири рече дека ќе биде репер на добра соработка и изнаоѓање решенија…

-Ќе бидам пример за добра соработка, изјави Љуљзим Хазири, петтиот член на ад-хок телото кој беше избран на лидерската средба на која се утврди датумот за избори. Вели дека не се пријавил за член на ад-хок телото. Колегите го известиле за изборот.

-Не бев пријавен, а изгледа сум бил последното можно решение за сите страни. Сметам дека состојбата со медиумите не бара 100 дена, туку подолг временски период, за да се добие едно реално медкумско опкружување, изјави Љуљзим Хазири.

Членовите на ад хок телото одржаа седница во комплетен состав и ги утврдија принципите на работа.

-Тоа е пред сѐ слобода на изразување, слобода на медиуми, никаква цензура и се разбира почитување на сите правила за сите подеднакво“, изјави Слаѓана Димишкова, член на Комисијата.

Ад хок телото ќе донесе деловник и методологија за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top