Репрезентативниот голман на Холандија, Јеспер Силесен, официјално беше претставен како најнова милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона. За да ги осигураат неговите услуги, раководните лица на актуелниот шампион на Шпанија мораа да го прифатат побараното обештетување од 13 милиони евра.
Силесен во изминатите неколку сезони со голем успех го носеше дресот на холандскиот гигант Ајакс, а во новиот договор има и ослободителна клаузула која ќе биде активирана само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра. Силесен е ангажиран како наследник на чилеанскиот интернационалец Клаудио Браво кој во следните неколку дена и официјално ќе биде преставен како нов играч на Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)