| четврток, 6 декември 2018 |

Шкотските полицајки ќе можат да носат хиџаб

skotnald jard muslimanki

Во Шкотска има официјално одобрение за полицијата за носење на хиџаб. Оваа мерка е со цел вклучување на муслиманките во редовите на полицијата. Претходно шкотските полицајки, муслиманки можеа да носат  шамија откако ќе станеа началнички.

– Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката, стои на интернет-страницата на шкотската полиција.

Полицајките во Лондон, во Манчестер и во други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб. И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.

Во последниот месец, Франција е ригорозна и забранува на муслиманките да носат муслимански костими буркини на плажа, за што следуваат казни или во крајна линија апсења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top