Во Шкотска има официјално одобрение за полицијата за носење на хиџаб. Оваа мерка е со цел вклучување на муслиманките во редовите на полицијата. Претходно шкотските полицајки, муслиманки можеа да носат шамија откако ќе станеа началнички.
– Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката, стои на интернет-страницата на шкотската полиција.
Полицајките во Лондон, во Манчестер и во други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб. И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.
Во последниот месец, Франција е ригорозна и забранува на муслиманките да носат муслимански костими буркини на плажа, за што следуваат казни или во крајна линија апсења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре