Македонска Каменица веќе ги најави концертните настапи на балканските ѕвезди Цеца и Мирослав Илиќ. Подготовките за големиот музички спектакл веќе финишираат и се работи на последните детали околу организацијата и пречекот на посетителите.
Концерт на Цеца е закажан за 28 август, а пред неа атмосферата ќе ја загрева македонкиот „Инструментал бенд“. Српската пејачка на својата официјална страница на „Фејсбук“ веќе потврди дека дел од хонорарот што ќе го добие за концертот во Македонска Каменица ќе биде дониран за жителите во поплавените подрачја во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.