| четврток, 6 декември 2018 |

Престани да гледаш во Ана и врати се во форма – соиграчите му упатија порака на Швајнштајгер

svajn

Бастијан Шавајнштајгер има многу проблеми во Манчестер Јунајтед. Новиот тренер на Црвените ѓаволи, Жозе Мурињо го отстрани српскиот зет од првиот тим, па сега Швајни тренира со резервата.

Швајнштајгер минатата сезона одигра само 18 натпревари во Премиер лигата, а една од причините за лошата форма, како што истакнуваат англиските медиуми е Ана Ивановиќ.

Според изворите од клубот од Олд Трафорд, соиграчите неколку пати на Швајни му сугерирале помалку да ја следи и гледа мечеви на сопругата Ана, а повеќе да се посвети на тренинзите и враќањето во форма.

Со оглед дека Швајнштајгер не ги послуша соиграчите, влезе во уште поглеми проблеми, А Жозе Мурињо не простува такви пропусти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top