Кортни Кокс, поранешната ѕвезда на „Пријатели“ во последниве години успешно избегнуваше да зборува за својот изглед и бројните пластични операции. И кога сите новинари кои пишуваат за шоу-бизнисот се откажаа и престанаа да ја прашуваат, Кортни ги шокираше сите и се исповеда таму каде што најмалку се надеваа: кај мајсторот за преживување Бир Грилс!
Тој ја повикал Кортни во својата емисија ‘Running Wild With Bear Grylls’ и веројатно ни на крај памет не му било дека славната актерка ќе проговори среде дивина за својот изглед, но и траумата од минатот.
– Стареењето е најубавото нешто во животот… Но, се помирив со тоа и научив некои лекции – ја почна приказната Кортни.
– Се обидов да го одложам или да го сопрам стареењето, но тоа е невозможно. Требаше порано да се помирам со фактот дека нема да изгледам како некогаш…
Таа вели дека Холивуд ја уништил.
– Секогаш постоеше притисокот да го задржам својот изглед. Дури не и поради самата слава, туку поради самата себе. Мислам, јас сум жена во шоу-бизнисот… Тоа не е најлесната работа на светот. Се трудам, се обидувам и потоа ја погледнувам фотографијата и велам: „О, Боже, изгледам ужасно!“ Признавам дека правев некои работи поради кои жалам, но, за среќа, работите кои сами се решаваат, па и исчезнуваат…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.