Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот клуб Гран Канарија. Тимот ја потврди веста на својата официјална интернет страница, без да објави повеќе детали за трансферот на Мекејлеб кој речиси цело лето се поврзуваше со македонскиот првак МЗТ.
Мекејлеб минатата полусезона ја мина во француски Лимож, кај својот поранешен тренер Душко Вујошевиќ и во просек бележеше по 11,5 поени и 3,3 асистенции по натпревар.
Во кариерата Мекејлеб има настапувано за Мерсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен.
Американецот беше дел од македонската репрезентација која на ЕП во 2011 година го освои четвртото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.