Од вчера во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Северна Ирска од Европските квалификации за репрезентации до 21 година. По брилијантната атмосфера која ја носеше македонската репрезентација до одлични резултати против Франција и Украина, надежите на Македонија се радуваат на нов важен квалификациски настап на Националната „Филип Втори“ арена.
Најталентираната македонска селекција со победа на важниот дуел против Северна Ирска ќе биде на чекор до историски пласман во квалификацискиот циклус за ЕП 2017.
Македонската репрезентација на 6. септември со почеток во 18:45 часот ќе го започне натпреварот против Северна Ирска, а за тој дуел Фудбалската федерација на Македонија одреди цена на влезница од 100 денари.
Приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите од поплавените подрачја во скопскиот регион. Со секоја купена влезница донирате 100 денари за #Skopje и давате поддршка на репрезентцијата на #Makedonija.
Картите може да се купат на штандот на ФФМ во Skopje City Mall, како и на сите продажни места на MkTickets.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.