| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во посета на Македонија

popovski kosias

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Коѕиас ќе има билатерална средба со Попоски на која, како што е најавено, ќе се разговара за напредокот во имплементацијата на мерките за градење доверба меѓу двете земји, како и за низа други теми од регионално значење.

Коѕиас ќе се обрати и на Амбасадорскиот совет, кој се одржува во Министерството за надворешни работи од 24 до 26 август 2016 година на кој присуствуваат шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија. Како што е предвидено, тој ќе ја води сесијата „The future of Europe and Balkans in need“.

Во рамки на посетата, Коѕијас ќе има средби и со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и со премиерот Емил Димитриев.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во пресрет на посетата на Коѕиас, оцени дека очекува зголемување на довербата, како и подобра политичка комуникација меѓу двете држави.

Попоски вчера во изјава за медиумите рече дека не очекува на средбата со Коѕиас да биде отворено прашањето за името и посочи дека приоритет е подобрување на односите и создавање на посилни врски во што е можно повеќе области.

Ова ќе биде втора посета на Никос Коѕиас на Македонија, по минатогодишната во јуни кога во Скопје имаше средба со македонскиот колега Никола Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top