| четврток, 6 декември 2018 |

Пукале во момче пред зградата во која живее, во болница тој им подлегнал на повредите

Огнената пресметка се одиграла во зградата во која живеел Страхиња И. на почетокот на улицата „Немањина“ во Чачак. Момчето било погодено во стомакот и лекарите од болницата во Чачак се обидувале да му го спасат животот.

– Момчето беше примено во болница со прострелна рана под десниот лак на реброто. Имаше тешки оштетувања на внатрешните органи, рече во куса изјава за српските медиуми др. Билјана Кочовиќ, портпарол на Општата болница во Чачак.

Како што пишуваат медиумите Страхиња го нападнале две лица од кои едниот пукал од пиштол. Според првите резултати од истрагата станува збор за заседа, а се проверува дали во пресметката учествувало и трето лице кое чекало во автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top