| четврток, 6 декември 2018 |

Карпош Соколи и официјално стана дел од АБА-лигата

karpos sokoli
Со денешниот потпис на договорот, екипата на Карпош Соколи и официјално стана член на регионалната АБА-лига, каде што ќе се натпреварува со најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија.
„Соколите“ ќе бидат вториот македонски тим што ќе биде дел од ова елитно натпреварување, во кое влегува со специјална покана како второпласиран на табелата во домашното првенство минатата сезона. Освен во АБА-лигата, карпошовци за првпат ќе играат и во балканската БИБЛ-лига поради што ќе го пропуштат првиот дел од домашниот шампионат.
karpos sokoli2
По тој повод, денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претставници на Јадранската лига, предводени од директорот Крешимир Новосел, го официјализираа пристапувањето на Карпош Соколи, за кого договорот го потпиша претседателот на клубот, Огнен Дедиќ.
Како поранешен спортист, градоначалникот Јакимовски изрази големо задоволство што токму клубот кој доаѓа од Карпош, ќе се натпреварува со европски кошаркарски величини и ќе се бори за нови успеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top