| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Велес

Општинската организација на Црвениот крст од Велес денеска ги почна активностите за одбележување на 8 Мај-Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со што ќе се одбележат 150 годишнината од раѓањето на движењето.

Волонтерот Ангел Киров информира дека во рамки на одбележувањето ќе се организираат средби со граѓани, десиминациски сесии, фото-сесии, штандови низ градот, ќе се реализираат спортски и забавни активности, а ќе биде пуштена во промет и поштенска марка.

– Ќе продолжиме да работиме и во наредниот период активно и да им помагаме на социјално ранливите категории, затоа што ние се водиме од хуманите вредности, кои се вградени во нашите седум основни принципи на дејствување, изјави Киров.

Општинската организација на Црвениот крст годинава доби награда за најуспешно изработени хуманитарни микро проекти во рамките на републичкиот проект „Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности“.

Оваа општинска организација има околу 60 активни волонтери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top