| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешката премиерка бркала Покемони во Братислава

Норвешката премиерка Ерна Солберг денеска на паузата меѓу официјалните обврски во Братислава отишла во стариот дел од градот за да ­лови Покемони!

Солберг во друштво на своите телохранители, вишите норвешки официјални претставници и ТВ екипи, искористи дел од слободното време меѓу состаноците шетајќи по Братислава, постојано гледајќи во мобилниот телефон.

За ТВ 2 премиерката изјавила дека се обидела „да дојде до најретките Покемони“ поради што некои играчи на таа игра минуваат и по 10 километри. Солберг, која претходно била позната како фан на играта „Кенди краш“, минатата недела изјавила дека е фасцинирана од Покемоните, само ден откако во две интервјуа негирала дека ја игра играта.

Мојата помлада сестра ме предизвика да играм откако најде еден Покемон на мојот балкон ­изјави премиерката за дневниот весник Афтенпостен ­пренесе Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top