Норвешката премиерка Ерна Солберг денеска на паузата меѓу официјалните обврски во Братислава отишла во стариот дел од градот за да лови Покемони!
Солберг во друштво на своите телохранители, вишите норвешки официјални претставници и ТВ екипи, искористи дел од слободното време меѓу состаноците шетајќи по Братислава, постојано гледајќи во мобилниот телефон.
За ТВ 2 премиерката изјавила дека се обидела „да дојде до најретките Покемони“ поради што некои играчи на таа игра минуваат и по 10 километри. Солберг, која претходно била позната како фан на играта „Кенди краш“, минатата недела изјавила дека е фасцинирана од Покемоните, само ден откако во две интервјуа негирала дека ја игра играта.
Мојата помлада сестра ме предизвика да играм откако најде еден Покемон на мојот балкон изјави премиерката за дневниот весник Афтенпостен пренесе Танјуг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст