Посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас на Македонија и неговото учество на Амбасадорскиот совет во Скопје е во рамки на зголемување на довербата и комуникацијата меѓу Македонија и Грција. Овие активности и посетата на Коѕијас доаѓа во време на одложената мигрантска криза, посочи минстерот за надворешни работи Никола Попоски.
-Посетата на Коѕијас е во рамки на она што веќе определен временски период посветено го правиме, тоа е зголемување на довербата меѓу двете држави, а во тој контекст и зголемена политичка комуникација. Една од пораките е дотолку и во рамки на овој работен состанок на Дипломатско- конзуларните претставници се посветени на регионот. Минатата година ги имавме министрите на Бугарија и на Албанија оваа година на Грција, би го сместил во еден континуитет на испраќање на јасна порака од Република Македонија дека сакаме да бидеме фактор на стабилност и предвидливо опкружување во нашиот регион, а Грција е еден од клучните фактори за нас- посочи шефот на македонската дипломатија.
За време на посетата на неговиот колега од Грција, сепак не се очекува да стане збор и за надминување на грчкото негирање на името на Република Македонија.
-Не верувам дека во оваа прилика би се зафатиле со решавање на толку крупно прашање, впрочем во изминатиот период рековме дека тоа што ни е приоритет е подобрување на односите на двете земји создавање на посилни врски во што е можно поголем број на области и мислам дека во ова изминатиот период направивме сериозен исчекор. Сето ова би го ставил во графата на зголемување на довербата меѓу Македонија и Грција- рече Попоски.
Минатата година двајцата министри во неколку наврати разговараа за одредени мерки за градење на доверба, а во рамки на балканската турнеја Коѕијас беше и во Македонија кога беше постигнат договор за повеќе мерки за доверба кон надминување на разликите, а во духот на европските вредности и согласно заедничките интереси.
-Голем дел во тие области кои ги најавивме минатиот период има сериозни поместувања на терен. Нашата цел беше да не се посветуваме толку на комуницирање во однос на тоа што се сме постигнале, туку во продлабочување на таа соработка која на некој начин ги релаксира односите. Во овој поглед било да е во делот на образованието било во енергетската соработка , економската соработка и бизнис промоцијата, комуникацијата меѓу институциите на двете држави се направени чекори кои во минатото не сме можеле да помислиме дека можеме да ги реализираме. Не мислам дека ова за нас е посебна причина за славење туку на некој начин мотив дека можеме да ги редефинираме нашите односи кои генерално биле асоцирани со меѓусебен спор, негирање и препукување во секоја можност и испраќање на една поинаква порака дека ние во крајна линија имаме и ќе станеме со еден голем сериозен проблем, но во недостаток на решение на тој проблем може да имаме многу поинакви грчко македонски односи кои се во интерес на граѓаните, и на тој начин да се овозможи градење на подобра клима меѓу двете земји. Таа е логиката и во таа насока се движиме- додаде Попоски.
Во однос на пораките кои пред посетата на Коѕијас доаѓаат од Грција а се во насока на тоа дека градењето доверба е добро, но Македонија да се откаже од националистичката политика.
-Мислам дека не треба да имаме илузија дека таа реторика ќе престане, зборувам во поширок комплекс, бидејќи нашите односи се толку комплексни обременети со тој тежок и неправеден проблем во еден долг временски период што наивно е да веруваме дека за неколку седмици или месеци ќе исчезне. Сметам дека треба да ја гледаме пошироката слика а таа е дека наместо да одиме во насока на меѓусебни етикетирања и обвинувања, можеме да одиме во насока на градење на подобри грчко македонски односи во сите области и на тој начин да ја намалиме цената на било какви изјави кои можат од едната или другата страна да бидат ставени во негативна конотација- оцени министерот Попоски, кој околу Амбасадорскиот совет и активностите на македонската дипломатија нагласи дека фокусот е ставен на соседството и регионалните односи.
-Ние немаме побитни односи од оние со нашите соседи и во овој контекст природно е најголемата енергија да ја посветиме токму на најблиското опкружување. Македонија била и ќе биде посакуван сосед и во добро и во зло. Тековните предизвици со кој се соочува нашиот регион веројатно ќе ја засилат таа македонска неопходност и извор на стабилност за целиот регион. Воедно членството во ЕУ и НАТО остануваат наша стратешка насока и во согласност со неа ги влечеме сите наши надворешнополитички чекори. На овие цели ќе треба да ги удвоиме нашите напори во следниот период со оглед на предизвиците со кои се соочуваме на двата пата- во ЕУ по „Брегзит“ и во НАТО во однос на повеќегодишната препрека со која се соочуваме во Алијансата. Економската промоција останува еден од најбитните приоритети бидејќи е најблиска со потребите на граѓаните на Македонија, а тоа е потребата од зголемено присуство од Странските директни инвестиции, отворање на работни места и преку тоа покачување на животниот стандард на нашите граѓани. Работиме и во интерес на дијаспората, ова се однесува на илјадниците наши граѓани кои се услужени во рамки на ДКП-ата или им е пружена некаква помош, што останува активност на која посветуваме внимание, а воедно и проектите за приближување на нашите заедници надвор со Македонија. Во главно ова се однесува на веќе традиционалниот Летен камп за децата Македонци од соседството и пошироко, можноста од оваа година за стажирање на Македонци по потекло кои студираат на некои од врвните образовни центри во светот, а се обидуваме да ги привлечеме преку тоа што овозможуваме дел од своето практично образование да го реализираат во македонски институции и конечно преку отворање на мрежа на културни катчиња преку кои вршиме промоција на македонскиот јазик и култура во светот- посочи министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Коѕиас утре ќе учествува на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва во МНР. Како што е предвидено, тој ќе ја води сесијата „The future of Europe and Balkans in need“, а се очекува да има и средба со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција