Бројот на загинати лица во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Италија се искачи на 21, јавија локалните медиуми.
Најмалку десет луѓе загинале во Акумолија, пет во Аматриче и шест во Пескара.
Италијанскиот премиер Матео Ренци на Твитер напиша дека властите се во контакт со локални официјални лица од погодените зони и оти им е испратена дополнителна помош.
-Моето место веќе не постои, единствено слушаме гласови од под урнатините- изјави градоначалникот на Аматриче, Серџо Порици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.