Нападот се случил по натпреварот кој завршил 3-1 во корист на девојките од Црвена ѕвезда.
Фудбалската јавност во Србија е во шок откако службеното лице на ЖФК Војводина Драган Чапеља урди фудбалерка на ЖФК Црвена Звезда на крајот од натпреварот на двата тима.
Мечот се одигра во Нови Сад, каде домашната Војводина беше поразена со 3:1 и на крајот се случи инцидентот, кој предизвика голем скандал. ЖФК Црвена Звезда објави фотографија од фудбалерката на чие лице се гледа последицата од шлаканицата, додека Војводина се огради инцидентот.
– Ова е нехуман чин на човек кој дури носеше ознака на службено лице. Ја удри убедливо најдисциплинирата личност на теренот, девојка која е примерно дете и само што наполни 18 години. Таа одличен ученик и репрезентативка – соопшти Звезда.
Полицијата веднаш по натпреварот го приведе на распит Чапеља, кој потоа го потврди инцидентот, но тврди дека имало провокација од страна противникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја