| четврток, 6 декември 2018 |

Турско село дознало за обидот за преврат десет дена подоцна откако случајно минал овчар

A villager of Bulgarian descent walks a dirt road in Akbıyık. The village is still separated into areas that are majority native Turkish and majority Bulgarian-Turkish, but there has never been any serious conflict between the two.

 

Жителите на турското село без струја на црноморското крајбрежје за обидот за државен удар во Турција на 15 јули дознале дури десет дена подоцна, пишува „Хуриет дејли њуз”.

Жителите на селото во округот Гиресун, Северна Турција, ја дознале веста од некој овчар, кој случајно минувал оттаму. Тие започнале петиција со барање нивното село да биде електрифицирано како и останатите села во округот.

– Ние не можеме да слушаме радио, да гледаме телевизија, ниту да ги слушнеме повиците за молитва. Дури и за веста за преврат ја дознавме од еден овчар. Сакаме електрична енергија, за да ги искористиме новите технологии, изјавила на организаторката петицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top