Една од најпопуларните пејачки од 90-те години на минатиот век, Тони Брекстон, изјавила дека спаѓа во среќните родители бидејќи нејзиниот помлад син го победил едно од најконтроверзните пореметувања на денешницата. Тони забележала дека со Дизел нешто не е во ред кога сфатила дека тој не остварува контакт со очи со останатите, додека му се обраќаат, и дека главно си игра сам.
13-годишниот Дизел, добил дијагноза кога имал три години, а оваа ѕвезда своевремено изјавила дека Дизел е роден со аутизам бидејќи таа претходно абортирала, па токму поради тоа Бог ја казнил.
Таа во една прилика откри и дека, кога забременила со момчето Кери Луис, употребувала лек против акни којшто може да влијае на мозокот и на срцето на плодот, или да предизвика деформитет на лицето. Тони поради тоа одлучила да абортира, а неколку години подоцна, нејзиниот син Дизел ја добил дијагнозата – аутизам.
– Знаев дека одзимам живот. Верував дека аутизмот кај мојот син е Божја казна, изјавила тогаш Тони.
Меѓутоа, Брекстон неодамна повторно ја изненади јавноста. Таа тврди дека Дизел успеал да се излечи.
– Мојот помлад син пати… или подобро да кажам – патеше од аутизам. Јас сум една од среќните родители, изјавила таа додавајќи:
Раната дијагноза менува сè! Нашите животи сега се поинакви. После 10 години вредна работа и лечење, можам да кажам дека Дизел е едно друштвено дете и многу, многу сме среќни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.