| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ најде нови 15.000 меилови на Хилари Клинтон

hilari mailoviФБИ му предаде на Стејт департментот  нови 14.900 е-пораки од приватен сервер на Хилари Клинтон кој таа го користела додека била државна секретарка.

Надлежните органи ќе ги прегледаат електронските писма и ќе одлучат кои од нив може да бидат објавени.

ФБИ ја откри е-пошта при истрагата за начинот на кој Клинтон ги користела класифицираните информации.

Минатиот месец американската контраразузнавачка агенција оцени дека кандидатката на демократите за претседателските избори во САД не го нарушила законот и против неа не беше покренато обвинение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top