Пјотр Малачовски (PIOTR MALACHOWSKI), полскиот фрлач на диск, одлучи да го продаде својот сребрен медал од Рио за да му помогне на момчето кое се бори со редок вид на рак.
Сите пари собрани од продажбата на медалот ќе бидат дадени на трогодишното момче Олег Шмански кој боледува од ретинобластом, а за кој е потребно 126.ооо долари за лекување во Њујорк.
-Во Рио се борев за злато. Денеска ги повикувам сите луѓе да се бориме заедно за нешто што е повредно. За здравјето на ова прекрасно момче. Моето сребро нему може да му биде повредно од злато, напиша на „Фејсбук“ 33-годишниот Малачовски кој веќе низа години е најдобар светски фрлач на диск, а сега покажа и дека има големо срце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.