Француските медиуми пренесоа дека турскиот премиер Бинали Јилдерим изјавил дека на Русија оваа база не и е потребна бидејќи веќе има две бази во Сирија. Одговарајќи на прашањето на еден од новинарите, премиерот навел дека руската страна не се обратила со барање да ја користи базата Инџирлик, на југот од Турција, но сепак ќе им биде дозволено користење, доколку Русите го побараат.
– Таа информација не е точна, но доколку биде неопходно, базата Инџирлик може да се користи, наведе Јилдирим, и додаде дека верува дека на Русија не и е потребно користењето на оваа база.
– Турција ја отвори базата Инџирлик заради борбата против терористите од ДАЕШ. Неа ја користат САД и Катар. Другите земји, исто така, можат да побараат да ја користат оваа авио-база, во која сега делуваат и Германците. Што се однесува до Русија, немавме такво обраќање. Мислам дека и нема потреба за такво нешто, затоа што постојат две бази во Сирија на оддалеченост помала од 150 километри. Заради тоа на тие соопштенија не треба да им се верува, објасни Јилдирим.
Авио-базата Инџирлик ја користат воздухопловните сили на САД и Турција, а нејзината работа е регулирана со Спогодбата за воена и економска соработка меѓу двете земји, наведуваат руските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.