Гром опожари плевна во тетовското село Теново, сопственост на Ф.Ќ. (71). Како што соопшти полицијата, изгорени се 30 бали сточна детелина и триесетина керамиди. Материјалната штета се проценува на околу 30 илјади денари.
– Од атмосферското празнење синоќа околу 20 часот се запалил дрвен столб во подпокривот, но со интервенција на жители од селото и тетовските пожарникари, спречено е натамошно ширење на огнот, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Огнот не ги зафатил катот и приземјето на објектот во кое се наоѓал добитокот.
Екипа од СВР Тетово изврши увид и го фотодокументира опожарениот објект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.