| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки со преполовен состав убедливи против Хипо

vardar-hipo-z

Македонскиот шампион во женски ракомет го совлада Хипо со 36-23 на турнирот „Винко Кандија“ во Љубљана.

Иако на ЖРК Вардар му недостасуваа шест ракометарки што настапуваат на Олимпијадата, а и Андреа Лекиќ, која се уште не почнала со играње, тимот од Виена не можеше да му пружи достоен отпор.

Од самиот почеток Вардар не само што имаше резултатска предност, туку и доминација. Тамара Мавсар, новото засилување на лево крило постигна девет гола, најавувајќи дека ќе биде големо засилување. На бековската позиција Сања Дамњановиќ и Татјана Хмирова исто така беа во форма, постигнувајќи заедно вкупно 14 гола.

Денеска „црвено-црните“ играат два натпревара, против Подравка и со Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top