| четврток, 6 декември 2018 |

Исплатата ќе се врши во готово на шалтер, поплавените да ја пријават банката во МФ

poplava_skopje_27

Граѓаните од поплавените подрачја денеска, утре и задутре треба да ги пријават во Министерството за финансии деловните банки во кои сакаат да им биде исплатен паричниот надоместок.
Евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во скопскиот и тетовскиот регион треба да се пријават на на телефонските броеви: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742 и тоа денеска и утре во период од 9 до 17:30 часот и во понеделник од 8:30 до 19 часот.

Исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација – лична карта или патна исправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top