Германскиот автогигант Опел мора да го намали рабоптното време во фабриките, бидејќи падна побарувачката за одредени модели по Брегзитот, соопшти компанијата.
Скратувањето на работното време ќи зафаќа фабриките во Риселсхајм, близу Франкфурт и во Ајзенах во централна Германија, каде околу 5.000 работници произведуваат два модела на оваа компанија.
И токму обемот на продажбата на овие возила во Велика Британија ќе определи колку работни денови ќе бидат намалени.
Опел, кој е во рацете на американскиот Генерал Моторс, продава повеќе возила на островот отколку во било која друга европска држава.
Но, намалената продажба и ослабената фунта ќе влијаат на годинешните финансиски резултати на компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.