Во центарот на градот, точно на она место на кое некогаш се наоѓало првото кино на браќата Манаки во Битола, денес отпочна изградбата на долго најавуваното кино „Корзо“. Средствата за изградба на киното се од буџетот на Општина Битола.
Обновата на киното ќе се одвива во две фази. Во првата градежна сезона ќе се завршат две третини од самата изградба, а во втората фаза – финализација на проектот: внатрешниот дел на салата, која се планира да има 150 седишта, и опрема, која според градоначалникот Талески ќе биди најсовремена, технички-технолошка од светски рамки.
-Киното ќе има физички димензии како претходното и ќе го има значењето во многу поголеми рамки од што некогаш го имало. Објектот ќе биде на 2 ката – киносала со галериски простори. Вредноста му е околу половина милион евра, односно 30 000 000 денари, вели Талески.
Преку овој проект ќе се заокружи една целина, заедно со интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“, ќе им се оддаде почит, вели Талески, онака каква што заслужуваат првите кинематографери на Балканот, браќата Манаки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.