Четириесет мигранти од Сирија, повеќето деца, биле откриени синоќа во камион во близина на селото Долни Балван на патот Штип – Кочани. МВР соопшти дека полициски службеници синоќа околу 23.30 часот на м.в.„Штипска петља“ дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“, но возачот не застанал и продолжил кон Кочани. На околу еден километар пред с.Долни Балван го запрело возилото и избегало во непознат правец. При контрола, во товарното возило биле пронајдени 40 лицамигранти од Сирија, меѓу кои повеќето биле деца.
Мигрантите се однесени во полициска станица во Штип, а во текот на денешниот ден ќе бидат префрлени во прифатниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил