| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени 40 мигранти во камион на патот Штип -­ Кочани

migranti

­ Четириесет мигранти од Сирија, повеќето деца, биле откриени синоќа во камион во близина на селото Долни Балван на патот Штип­ – Кочани. МВР соопшти дека полициски службеници синоќа околу 23.30 часот на м.в.„Штипска петља“ дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес“, но возачот не застанал и продолжил кон Кочани. На околу еден километар пред с.Долни Балван го запрело возилото и избегало во непознат правец. При контрола, во товарното возило биле пронајдени 40 лица­мигранти од Сирија, меѓу кои повеќето биле деца.

Мигрантите се однесени во полициска станица во Штип, а во текот на денешниот ден ќе бидат префрлени во прифатниот центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top