| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор на Јадранот: Дамјан искасапен, очи во очи со големата бела ајкула

Почувствувал силен удар во ногата, а морето набрзо се запенило од неговата крв. Со напор се савртел, а во очи го гледала голема бела ајкула. Знаел дека се во прашање секунди. Ќе го стигне ли морскиот пес или ќе се спаси на чамецот на своите пријатели, панично се прашувал Словенецот Дамјан Песек во 2008 година додека нуркал во Мала Смковa на хрватскиот остров Вис.

Воениот специјалец и инстуктор по нуркање на Словенечката војска од Блед имал среќа. Иако е доживотен инвалид, успеал да спаси жива глава од ова опасно животно.

Во последните 140 години големата бела ајкула го посетила Јадранското Море околу 60 пати. Средбата со убоитата челуст на ова животно била смртоносна за шестмина. Преживеал само Песек.

Крволочната ајкула го зграбила за левата нога и речиси му ја одгризала. До коска му го растргнала мускулот на потколеницата, тешко му ја повредила артеријата и нервите кои го мрдаат стопалото.

Морето беше преполно со крв

-Десетина метри од брегот, на иста длабочина, со улов пливав кон бродот на кој се одмораа моите пријатели. Нуркав со одело со подводна пушка во раката. Оддеднаш почувствував силен удар во ногата. Не знаејќи што е, се свртев. Морето беше преполно со крв. Ја видов, се гледавме очи во очи – се присетува Песек.
-Повторно ме нападна. Беше страшно. Ја фатив за жабрите и ѝ ја забив стрелката од подводната пушка во стомакот. Ранетата ајкула се оддалечи за миг, а јас панично испливав и врескајќи ги довикував пријателите. Острата перка ми се доближуваше. Бев немоќен, чекав да видам кој ќе биде побрз, пријателите или животното. Дојдоа миг побрзо – емотивно раскажува Дамјан во љубљанскиот Институт за рехабилитација.
Со хеликоптер на хрватската војска бил префрлен во сплитскиот КБЦ, а лекувањето продолжило во Љубљана.

– Секое пристаниште, залив и пештера во Јадранот ги познавам како свој дом. На сите им велев дека е невозможно да се сретне голема бела ајкула во Јадранот. И еве, судбината ме разубеди. Лично се сретнав со петметарска бела ајкула и едвај спасив жива глава.

Иако хрватските научници тврдат дека подводниот риболовец настрадал од ајкулата која била привлечена од крвта на уловот, Словенецот ги побива зашто од голф по уловот нема крв.

Ozljedjenji ronioc | Autor: Vanja Zubcic/PIXSELL

Profimedia | Autor: Profimedia

 

 

morski pas 400 kg | Autor: Ivo Cagalj/PIXSELL

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top