Почувствувал силен удар во ногата, а морето набрзо се запенило од неговата крв. Со напор се савртел, а во очи го гледала голема бела ајкула. Знаел дека се во прашање секунди. Ќе го стигне ли морскиот пес или ќе се спаси на чамецот на своите пријатели, панично се прашувал Словенецот Дамјан Песек во 2008 година додека нуркал во Мала Смковa на хрватскиот остров Вис.
Воениот специјалец и инстуктор по нуркање на Словенечката војска од Блед имал среќа. Иако е доживотен инвалид, успеал да спаси жива глава од ова опасно животно.
Во последните 140 години големата бела ајкула го посетила Јадранското Море околу 60 пати. Средбата со убоитата челуст на ова животно била смртоносна за шестмина. Преживеал само Песек.
Морето беше преполно со крв
– Секое пристаниште, залив и пештера во Јадранот ги познавам како свој дом. На сите им велев дека е невозможно да се сретне голема бела ајкула во Јадранот. И еве, судбината ме разубеди. Лично се сретнав со петметарска бела ајкула и едвај спасив жива глава.
Иако хрватските научници тврдат дека подводниот риболовец настрадал од ајкулата која била привлечена од крвта на уловот, Словенецот ги побива зашто од голф по уловот нема крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.