| четврток, 6 декември 2018 |

Семеен бизнис, брачна двојка одгледувала марихуана во двор

Полицијата во Лесковац соопшти дека го уапсила 31-годишниот Џ.А. од околината Медвеѓа, поради сомнение дека со 42-годишната сопруга одгледувал марихуана. Полицијата пронашла 95 стебла марихуана, а во станот на осомничениое се пронајдени уште околу 16 грама марихуана.

Џ.А. се товари дека направил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.

Вештачењето на билките било направено во Криминалистичко-техничкиот центар во Ниш.

Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на Џ.А., а за неговата сопруга е поднесена кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top