Во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ во Охрид утре свечено ќе биде затворено годинешното издание на манифестацијата „Охридско лето. На заокружување на фестивалот, организаторите избраа музика од театарски претстави од Горан Трајковски напишани во периодот од 2003 до 2013 година. Концертот е насловен „На светов убавина“.
-Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена.
И не е само обична фраза исказот дека „кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото, тогаш на сцената зачекорува песната“.
Театарот е дисциплина на заемното вдахновување – синергична уметност.Тој црпи од многу извори, а еден од нив е музиката – песната.
Оти и нему како и на светов му е потребна… УБАВИНА!
Горан Трајкоски е роден во Велес на 21.11.1963 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филолошкиот факултет, на отсекот англиски јазик и книжевност, а со музичко образование се стекнал во училиштето на Пеце Атанасовски, како и преку соработката и менторството со врвните народни уметници Вања Лазарова и Никола Цветковски.
Релизирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и филмска музика, работејќи на познатите македонски филмови, а добитник е и на повеќе награди за најдобра музика од претставите.
1 .КАКО СМРТТА УМИРА
2. СРЦЕ НА СРЦА СРЦЕТО
3. ИСТО ПРАШАЊЕ
4. БАНКИ ДИГНАА ПАЛАТИ
5. ДАФИНА
6. LIFE IS A SHADOW
7. ПСАЛМ 13
8. ЦРНИЛА
9. ОЧИ ЦРНИ ИСКОПАЈТЕ
10. ЃУРЃЕ
11. КОМУ
12. БЕСМИСЛАТА НА ИСТОРИЈАТА
13. КРАЛОТ Е ГОЛ
14. НА СВЕТОВ УБАВИНА
15. ДВА ОРЛИ
17. ПСАЛМ 118
Арна Шијак – вокал, Елена Христова – вокал, Марија Ѓаковска – виолина,Петар Христов – саксофон, кларинет, Анастасиос Иоану, кларинет,Анастазија Христовска – флејта, Бранко Илиевски – тромбон, Антонио Костески – хорна, Дејан Теодосиевски – виолончело, Фана Спиркоска – виола, Игор Василев – бас, клавијатури, Горан Јаневски – гитара, Сашко Костов – удиралки, Игор Зотиќ – клавијатури, семплер, Горан Трајкоски – вокал, електронски инструменти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.