Елистер Браунли од Велика Британија е нов олимписки победник во триатлон (пливање, велосипедизам и трчање) со време 1:45.01. Британското славје го комплетираше неговиот брат Џонатан Браунли, кој го освои второто место со време само за шест секунди послабо од победничкото.
Бронзениот медал му припадна на Хенри Шуман од Јужна Африка, кој имаше далеку послабо постигнување од победничкото.
На стартот на олимписката триатлон трка беа пријавени 56 олимпијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.