| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи Јапонецот кој со својот пенис ја сруши пречката во Рио

japonec

Eден од “хитовите” на Олимписките игри во Рио дефинитивно е јапонскиот олимпиец Хирокија Огита и неговиот ”пријател” со кој ја сруши пречката во квалификациите за финале во скок со стап.

Видеото во краток рок успеа да насмее милиони луѓе во светот, но на Огита не му се допаднало тоа што медиумите пишуваа за неговата несреќа.

– Не можам да верувам што медиумите пишуваа за мене. Си измислија приказна и ме исмејуваа, напишал на Твитер разочараниот Огита.

Луѓето потоа почнале да го тешат, а Јапонецот подоцна го ублажи својот став.

– Сега кога повторно ја гледам снимката, морам да признаа дека е навистина смешна, изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top