Најголемиот спринтер во историјата, Јусеин Болт според очекувњата го освои златото на 200 метри со лесна победа, но остана незадоволен, прво поради неможноста да го подобри светскиот рекорд, но и поради заморот.
Асот од Јамајка најавуваше дека ќе се обиде да го достигне својот светски рекорд од 19,19 секунди, но реалноста беше сосема поинаква. Тој ја мина делницата од 200 метри за 19.78 секунди, што му беше сосема доволно за нова победа и златно одличје, бидејќи беше единствениот атлетичар со време под 20 секунди во ова финале.
– Моите нозе едноставно не се чувствуваа одморени. Немам 26 повеќе, ниту 21. Немаше да биде исто. Го сакав рекордот толку многу, но телото не ме сакаше. Бев разочаран. Секогаш сакам да победувам, но сакам да бидам и побрз. И без рекорд, само да бев побрз. Но, златото е тука и по тоа дојдов во Рио – изјави Болт по историската трка во која го освои осмото олимписко злато и стана првиот тркач со три последователни 100-200 титули на Олимпијадите.
Болт беше апсолутно доминантен и пред кривината беше далеку од конкуренцијата за да победи со 19.78 пред новата атлетска надеж, Канаѓанецот Андре де Грасе со 20.02. Францускиот ветеран Криштоф Леметр го освои бронзениот медал во фото-финиш со 20.12 пред Британецот Адам Џемили.
Bolt completes the DOUBLE, GOLD in Men's 200m in 19.78s. De Grasse is 2nd. #Rio2016 pic.twitter.com/eKBmFI5quw
— C Sports (@CSportsLive) August 19, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.