
Петнаесетгодишен малолетник од Скопје вчера бил нападнат и претепан од неколку непознати напаѓачи.
Според полицијата, инцидентот се случил на улицата Среќко Стружалка околу пладне. Додека малолетникот В.А. се движел по улица, му пришле непознатите лица и со кожни ремени почнале да го удираат по рацете.
Откако го изудирале тие побегнале. Полицијата веднаш се вклучила во случајот и за кратко време успеала да идентификува еден од напаѓачите. Станува исто така за петнаесетгодишен малолетник со иницијали Б.А.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање и на другите напаѓачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


