Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли наводите дека приливот бегалци во текот на минатата година го донел исламскиот екстремизам во Германија, јавија денеска американските медиуми.
– Исламскиот тероризам, што го спроведува Исламска држава (ИД), не е феномен што ни го донесоа бегалците, туку со оваа појава ние се соочувавме и порано – рече Меркел синоќа на политичкиот собир во Мекленбург, во Западна Померанија.
Германија неодамна се најде на удар на серија напади, меѓу кои два беа првите во оваа земја за кои одговорноста ја презеде Исламска држава, потсетуваат американските медиуми. Најновата анкета од минатата недела покажа дека опаѓа поддршката за Меркел во споредба со минатиот месец поради загриженоста за последиците од нејзината мигрантска политика на отворени врати и терористичките закани во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.