| четврток, 6 декември 2018 |

Ракот нема да ме спречи да станам принцеза (Фото)

„Ракот нема да ме спречи да станам принцеза“ е ставот кој оваа тинејџерка сака да го сподели со светот.
adrea
Андреа Сиера Салазар има 17 години и, и покрај тоа што се бори со оваа тешка болест, се чини дека нема никаков проблем со самодовербата.

Во нејзината последна фотосесија можеме да ја видиме во прекрасни фустани и без перика на главата, сакајќи да ги поттикне луѓето да веруваат во себе и да не се предаваат.

Ракот кој се појавил на нејзиниот врат предизвикал таа да ја изгуби самодовербата, како што нејзината коса почнала да паѓа заради изложеноста на хемотерапиите.

andrea2-420x630

Се обидела да носи различни перики, но со ниедна не се чувствувала убаво и сигурно.

Фотосесијата со фотографот Герардо Гармендиа, на која позира без перика, ја натерла да сфати дека немањето коса не е нешто од кое треба да се срами, туку дека треба да биде горда на себе, бидејќи не секогаш надворешната убавина е таа која е најважна.

Нејзините фотографии се инспирација за многу луѓе низ светот кои се соочуваат со проблеми како нејзиниот.

Пораката до сите нив глас: „Вашата коса или вашите физички атрибути не дефинираат кои сте вие – она што е навистина важно е вашата внатрешна убавина и начинот на кој се однесувате кон другите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top