„Ракот нема да ме спречи да станам принцеза“ е ставот кој оваа тинејџерка сака да го сподели со светот.
Андреа Сиера Салазар има 17 години и, и покрај тоа што се бори со оваа тешка болест, се чини дека нема никаков проблем со самодовербата.
Во нејзината последна фотосесија можеме да ја видиме во прекрасни фустани и без перика на главата, сакајќи да ги поттикне луѓето да веруваат во себе и да не се предаваат.
Ракот кој се појавил на нејзиниот врат предизвикал таа да ја изгуби самодовербата, како што нејзината коса почнала да паѓа заради изложеноста на хемотерапиите.
Се обидела да носи различни перики, но со ниедна не се чувствувала убаво и сигурно.
Фотосесијата со фотографот Герардо Гармендиа, на која позира без перика, ја натерла да сфати дека немањето коса не е нешто од кое треба да се срами, туку дека треба да биде горда на себе, бидејќи не секогаш надворешната убавина е таа која е најважна.
Нејзините фотографии се инспирација за многу луѓе низ светот кои се соочуваат со проблеми како нејзиниот.
Пораката до сите нив глас: „Вашата коса или вашите физички атрибути не дефинираат кои сте вие – она што е навистина важно е вашата внатрешна убавина и начинот на кој се однесувате кон другите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст