Кражби, обиени автомобили, искршени стакла спаѓаат во аранжманите кои ги уплаќаат српските турсти за летување во Грција.
Нема одредени мети, ниту критилни точки, но непријатности има, се жалат тие, а сведочат и фотографиите што гио објавуваат. Туристичките агенции предупредуваат на Фејсбук да внимаваат оние кои планираат да заминат на шопинг во Солун, зашто се забележани случаи на обивање и пљачкање автомобили.
„На наши гости им беше обиен автомобилот на паркнгот на „Икеа“. Иако се задржале во маркетот само еден час, кога се вратиле до автомобилот за да си заминат, затекнале обиен и испретурено возило. Крадците успеале да го отворат и багажникот и оттаму да земат лаптоп-компјутер“, шишува на сајт на една агенција.
Освен тоа, се наведува дека во последниве десетина дена ова е втор случај на обивање автомобил на спрски турсти во Солун.
„Првата кражба се случила во самиот центар на градот, во близина на Универзитетот, и мислевме дека е осамен случај. Но, за жал, изгледа дека не е. Двете кражби се случија среде бел ден“.
Иста непријатност доживуваат и туристи кои летуваат на Крит и на Тасос, во Ситонија. Среде бел ден, на јавен апаркинг обиени автомобили, украдени полни куфери, ранци ајпади, камери и други уреди, сѐ што има некаква вредност и било затекнато во автомобилите на туристите.
Дека ситуацијата во Грција станува сериозна, сведочат и други искуства, од кражби од собите до кражби на плажа.
-Во Полихроно нѐ опљачкаа додека спиевме. Многу пари и вредни технички уреди ни се украдени. Беше провалено во сите апартмани во комплексот, но и во уште десетина куќи во истото место и во педесетина куќи во Ханиоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун