Египетската државна телевизија суспендираше осум свои водителки и им рекла дека мораат да бидат на диета, јави BBC.
Египетската радиотелевизија им даде рок на жените еден месец да ослабат пред да можат да се појават пред камерите во „примерно издание“, објави „Макфакс“.
Ваквата објава предизвика протест меѓу посочените водителки, а Египетскиот женски центар за правна помош ја осуди оваа мерка, тврдејќи дека се работи за „прекршување на уставот“ и дека тоа е облик на насилство кон жените.
И покрај критиките, извори во телевизијата тврдат дека одлуката нема да биде повлечена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.