Ќерката на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, популарната Иванка Трамп се одмара во Дубровник, а на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која што позира заедно со „неофицијалната“ девојка на рускиот претседател Владимир Путин, Венди Денг. Оваа фотографија предизвика лавина на реакции во САД.
Фотографијата на Иванка, во екот на претседателската кампања, ќе им послужи на Демократите уште еднаш да ги нагласат своите сомнежи дека Доналд Трамп е во многу блиски односи со Владимир Путин.
Венди Денг е веднаш до неа, а со оглед на тоа што Денг се поврзува со Путин, односно постојат гласини дека таа му е девојка на рускиот претседател, за многу американски медиуми веднаш оваа фотографија стана доказ дека Доналд Трамп е руски шпион, или во најмала рака близок соработник на Владимир Путин.
“US” магазинот од порано ги има пласирано информаците за врската на Венди Денг, поранешната сопруга на Руперт Мардок, и рускиот претседател. Имено, првите гласини дека Денг и Путин се во врска започнаа да кружат уште во 2013-та година. Покрај тоа, неименуван извор близок до турскиот претседател потврдил за “US Weekly” дека нивната врска е прилично сериозна. Наводно, последен пат Владмир Путин и Венди Денг биле забележани во „романтичен занес“ на јахтата на нивниот близок пријател Роман Абрамович на 28-ми март оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.