Се урна тунелот од 935 метри во близина на Приепоље, а среќа е што е избегната несреќа, зашто во моментот слуајно не поминувала ниту една композиција.
-Крвта ми се замрзна кога ги видов бетонските карпи урнати на пругаа. Како да паднала атомска бомба! Да наидел воз во тој момент, ќе го столчеле тие карпи, како играчка, ја опишува стравотната глетка шински работник од Приепоље, неговите зборови ги потврдува и Неџад Мујовиќ, главен јамски раководител од рудникот Штаваљ, чиишто рудари успеале да ги расчистат урнатините.
– Голема трагедија ќе беше да поминувал воз во тој момент. На сѐ и сешто сме навикнале, но, не ни беше сеедно. Избвлековме преку 60 кубици земја и бетон. Некои карпи тежеа и по еден тон.
Машиновозачите го вперуваат прстот кон одговорните во Српските железници, зашто велат дека уште пред две години забележале дека тунелот виси и постојано предупредувале.
– Уште пред две години заележаме дека тунелот виси, дека отпаѓа оплатата од плафонот, и пријавивме во Секцијата за влеча на возови во Ужице. Дали стигнало тоа до Белград, не знам, но на тунелот и на оваа цела делница ништо не е работено во последните 25 години, вели најстариот машиновозач во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.